Американецот Пол Велан денеска треба да излезе пред судот во Москва и да се одбрани од обвиненијата за шпионажа. Велан во моментов се наоѓа во притвор во Москва, а се товари дека издал документи со државна тајна.
Неговиот адвокат, Владимир Жеребјонков, за агенцијата ТАСС потврдил дека за време на апсењето кај неговиот клиент биле пронајдени документи што носеле назнака на државна тајна, но вели дека не смее да изнесува детали.
„Можам да потврдам дека за време на апсењето на мојот клиент Велан, тој кај себе поседувал документи кои содржат државни тајни, но не можам специфично да кажам за што се работи“, изјавил Владимир.
При задержании за шпионаж гражданина четырех государств Пола Уилана за шпионаж в Москве у него нашли документы, содержащие гостайну, – адвокат Владимир Жеребенков//РИА
— Коммерсантъ FM 93,6 (@KFM936) January 22, 2019
Се очекува на Велан по денешното судење да му биде продолжен притворот. Американецот бил уапсен во Москва на крајот на декември минатата година. Американските дипломати побарале да го посетат на 17 јануари, нешто што МИП Русија на почетокот им го одобрило, но подоцна ја одбиле ваквата инцијатива на барање на FSB.
Велан е граѓанин на четири држави. Тој е државјанин на САД, Канада, Велика Британија и Ирска. Исто така е заведено дека бил и поранешен маринец, а неговиот брат вели дека тој пристигнал во Москва на неговата свадба.
Во Русија за шпионажа е предвидена затворска казна до 20 години.