Адријана Лима раскина со момчето

По година дена врска, моделот Адријана Лима раскина со турскиот писател Метин Хара, пренесува таблоидот „Пипл“. Лима и Метин се запознаа во јули 2017 година. Месец дена подоцна почнале да се забавуваат.

Биле снимени како разменуваат нежности на јахта во Турција и од тогаш се чинело дека ќе им цветаат ружи. Адријана своето ново момче го запознала со своите деца, кои ги добила во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ.

Двојката често на социјалните мрежи објавувала романтични заеднички фотографии, но последната ја објавил Метин уште во октомври минатата година, нешто што за многумина укажувало дека планираат да се разделат.

Освен што раскинала со момчето, Лима во ноември минатата година ја напуштила и модната куќа „Викторија Сикрет“, по 19 одработени ревии, што ја прави најдолговечниот „ангел“.

 

Scroll to Top