Најскапиот фудбалер на англискиот клуб Кардиф, Емилијано Салам, мистериозно исчезнал додека патувал со својот приватен авион од Нант кон Британија.
Сала, кој премина во Кардиф, сакал да се поздрави со неговите поранешни соиграчи во Франција, но на враќање неговиот авион исчезнал од радарите. Неговото семејство и блиски пријатели стравуваат дека авионот се урнал.
Неговиот татко Хорацио вели дека е очаен и дека немаат никакви информации.
„Последен пат се слушнавме во неделата. Немам никакви информации, во Розарио сум, очаен сум. Се надевам дека сè ќе биде во ред со Емилијано“, вели Хорацио.
Надлежните велат дека потрагата по Салам сè уште трае.
Минатиот викенд Аргентинецот Сала потпиша договор со Кардиф за 17 милиони евра, со што стана најскапо засилување за клубот. Аргентинецот бил најдобар играч на Нант. Постигнал 13 гола од стартот на сезоната и го привлекол вниманието на големите клубови.