Кралицата на поп-музиката Мадона, деновиве на Инстаграм објави две фотографии на кои се пофали со нејзиниот променет имиџ. Мадона повторно ја офарба косата црна.
Пејачката е позната веќе со години по својата платинаста сина боја на коса, но исто така пријателите ја познаваат и како жена која сака да експериментира со модата и да диктира трендови.
Таа сега има кратка црна коса, а нејзините фанови коментираат дека изгледа речиси непрепознатливо. Пријателите на Мадона велат дека ѝ покрај тоа што пејачката е склона на промени, секогаш ја враќала темната боја на косата.
Последен пат Мадона беше бринета пред три години, но таквата авантура траеше краток период.