Сопругот на српската пејачка Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ откако го потпиша новиот договор со кинескиот клуб не е премногу загрижен за скандалот на неговата сопруга со голите фотографии, пишуваат српските медиуми.
Фудбалерот кој во моментов се наоѓа во Кина, каде го продолжи договорот со својот тамошен клуб до 2021 година, за прв пат, по објавените голи фотографии на Карлеуша се огласил на социјалните мрежи.
Тој објавил видео на кое ја снимил атмосферата во Кина, каде ужива во сјајот и луксузот кој му го нуди клубот. Фудбалерот имаше договор според кој досега заработуваше по 5.800.000 евра годишно.
Сега Тошиќ го продолжи договорот ѝ ја зголеми својата годишна плата за три милони евра. Неговата сопруга Јелена која пристинга во Кина за да го смири, сега се врати во Србија со нивните ќерки.
Карлеуша стигна во Кина веднаш откако фудбалерот Огњен Врањеш ги објави голите фотографии од неа. Медиумите пишуваа дека бил избегнат голем инцидент поради наводната афера на Тошиќ со српска манекенка.
Софија Милошевиќ требало да се види со Тошиќ во Кина, но поради доаѓањето на Карлеуша, оваа средба фудбалерот ја одложил.