Гидра и покрај тажното детство, успевал да насмее милиони

Еден од најлегендарните актери Драгомир Бојаниќ Гидра, уметник кој оживеал голем број од најкултните ликови во српскот филм, чоек кој кој ги засмејувал милиони луѓе, во најраното детство доживеал голема трагедија.

Прочуениот Гидра е роден на 13 јуни 1933 година во Крагуевац. Негов близок пријател вели дека Гидра имал тешко детство, кое не било достојно за обично дете. Тој уште во најраната младост останал сираче.

Неговата мајка Новка починала од туберколоза уште додека тој бил многу мал. Тоа не било крај на трагедијата за семејството Бојаниќ. Кога Гидра наполнил десет години, неговиот татко Јован, офицер на српската војска, бил застрелан во 1943 година, за време на Втората светска војна.

Во потрага по начин да се прехрани ѝ што побрзо најде занает од кој ќе може да го заработува својот леб, Гидра завршува средно школо за преработка на месо, овошје и зеленчук, во родниот град.

По матурата тој се вработува во фабрика за конзерви „Црвена Ѕвезда“.

„По професија сум занаетчија. Имам квалификација стекната во СТШ Крагуевац, на хемиско-технолошки отсек. Со глумата почнав да се занимавам за потребите на службата во фабриката за конзерви „Црвена ѕвезда“. Потоа преку аматаерскиот театар „Свети Младеновиќ“ пристигнав во народниот театар во Крагуевац, чиј член бев долго време“, раскажал Гидра во едно од своите интервјуа направено на почетокот на седумдесетите години од минатиот век.

Во ансамблот на уметници во Крагуевац, се случило мало чудо кое му овозможило на Драгомир својот раскошен талент го покаже и надвор од границите на Крагуевац. Неговите колеги се здружиле во собрањето пари, за да му помогнат на Гидра да замине во Белград ѝ да се запише на Академија. Веднаш се нашол во класот на прочуениот Раша Плаовиќ, а уште во првата година почнал да игра во Народниот театар, по што почнува неговата блескава кариера на актерски великан.

Scroll to Top