Бојана Сенталер Николиќ е познато име во светот на модата. Таа е родена во Белград, а во детството се има преселено во Канада. Таа е една од најпознатите модни имиња во Канада, но и пошироко, а оваа дизајнерка го има направено капутот кој неодамна го носеше Меган Маркл.
Бојана на Инстаграм ја пофали Меган за изборот кој го направила. Меган се има појавено во креациите на Бојана на голем број настани. Војвотката добила пофални коментари од бројни модни критичари, за изборот на модните изданија во класични бои, и комбинациите со богат колорит.
Војвотката од Кембриџ уште во 2016 година ги носела креациите на Бојана. И модниот тандем Кејт-Бојана исто така давал сјајни резултати. Извори блиски од палата велат дека тоа што сопругата на принцот Хари и Кејт Мидлтон делат ист дизајнер, ги фрлил во вода сите сомнежи и гласините дека двете не се поднесуваат.
Бојана Сенталер Николиќ својот моден бренд го покренала во 2009 година. Денес таа е креативна директорка на модна куќа. Во Канада се преселила на 8 години, а дипломирала на бизнис школата на Јорк Универзитетот во Торонто. Образованието го продолжила во Дубаи, каде стекнала медиумска-маркетиншка пракса.