Фолк-пејачот Аца Лукас во интервју за српските медиуми зборуваше за односот кој го има со поранешната сопруга Соња Вуксановиќ и за тоа дека е подготвен да направи сè за своите деца.
Лукас вели дека се смирил со Соња ѝ дека сега сè во емотивна врска. Пејачот вели дека за разлика од минатото, тие ги оладиле односите.
„Со Соња нè сме заедно, ако бевме ќе живеевме заедно. Повеќе сме во емотивна врска. Сеуште сè немаме разведено, но ќе дојде и на тоа ред. Во моментов не размислувам за тоа. Ништо не заборавив од минатото. Беше грозно за двајцата, но, сега ќе проголтам сè што ќе ми сервира Соња поради моите деца“, вели Лукас
Пејачот проговори за својот љубовен живот. Тој во моментов нема девојка и засега му годи слободата.
„Немам никаква врска, добро ми е вака. Немам ни комбинација, затоа што не играм лото. Во моментов имам скоцкан живот со децата. Тука се пронајдов себе сѝ“, вели Лукас.
Пејачот покрај разговорот за бракот, колегите, финансиските проблеми, прозборе и за скандалот на Јелена Карлеуша.
„Многу ме погоди тоа што Огњен Врањеш ѝ го направи на мојата колешка Јелена. Тоа ме погоди не само како пријател и колега, туку најмногу како маж. Така не се постапува со жена. Ова може да се третира како кривично дело. Огњен не само што ја упропаси Карлеуша, туку и нејзините, но ѝ своите деца. Тој не е нормален. Без разлика дали се работи за монтажа или немонтажа, тој ги уништи животите на луѓето“, вели Лукас.