Откриен е таен документ на ЦИА и германските известувачки служби BND кој говори за повторното цртање на границите на Југославија и албанските земји во регионот, пишуваат албански медиуми.
Секретарот на ЦИА ваквиот документ го класифицирал како доверлив, а тој наводно е нацртан во Минхен во 1977 година на состанокот меѓу агентите на американската ЦИА и германската BND.
Во планот е предвидена поделбата на Југославија на два блока, блок кој би бил под германско влијание и блок кој би бил под американско влијание.
А, кога ќе се погледне моменталната ситуација, јасно е дека се било насочено кон исполнување на тој план. Документот кој го објавил британски „Телеград“, покажува дека договорот меѓу ЦИА и BND, Социјалистичката Федеративна Република Југославија ја дели во три колонии, односно сфери на интерес.
Сличен ваков документ е направен и во текот на Втората светска вона. Според овој документ, големите сили требало да ја поделат Социјалистичка Федеративна Република Југославија на следниот начин:
CIA, Minhen, 1977. BND, PLAN PODELE JUGOSLAVIJE – ko je čija kolonija? pic.twitter.com/fF14GG2X1o
— Nikola Kosanović Nikica (@nicholas51) August 28, 2017
Словенија, континентална Хрватска, Истра, северна и западна Босна и Херцеговина да стане дел од зоната на германското влијание, додека Далмација, Црна Гора, Косово, дел од Рашка, Прешевската долина и Македонија да припаѓаат на САД и да бидат под нејзино влијание.
Војводина и јужен Банат требало да припаѓаат на Унгарија и да бидат под нејзина контрола. Територијата на независна Србија, би била денешна Србија, но без Косово и цел јужен дел на Србија и без Војводина, која би била унгарски проктеторат. ЦИА, како што е наведено, го планирала размонтирањето на Југославија на почетокот на 70-те години од минатиот век, односно 10 години пред смрта на водачот на Југославија Јосип Броз Тито.
Од предминатата година, стари документи на ЦИА, како и разни планови и сценарија сега се отворени за јавноста, но и за анализа на историчарите и новинарите.