Откако пред 15 години Ен Хатавеј ја глумеше Миа во филмот „Дневниците на принцезата“, таа сега повторно ќе ја игра истата улога во третото продолжение на филмот. Ова го откри самата актерка во шоуто на Енди Коен.
„Веќе има сценарио за третиот дел, а луѓето ќе можат да ја гледаат и омилената Џули Ендрјус, која го лумеше ликот на кралицата Кларис Реналди“, рече Хатавеј во шоуто и додаде дека е возбудена што ќе се снима уште еден дел од филмот.
По нејзината изјава, се израдуваа и фановите на филмот кои на социјалните мрежи коментираа дека со нетрпение го чекаат новото продолжение на популарниот тинејџерски филм.