Дневен хороскоп за 4 февруари

Овен

Може да очекувате пресвртница кога е во прашање деловното поле. Ништо нема да биде онака како што сте очекувале. Можно е да имате погрешна претстава за личноста која ви се допаѓа и наскоро да ги разбиете своите илузии. На здравствено поле ве прати вртоглавица.

Бик

Нетрпеливи сте ѝ не ви е лесно да го сочекате конечниот исход од ситуацијата. Внимавајте на своето одноесување, немојте дополнитлено да ги комплицирате работите. На љубовно поле ви се допаѓа некоја личност која è од странство. На здравствено поле, можни се проблеми со циркулацијата.

Близнаци

Ве очекува добра атмосфера и комуникација со соработниците, како и деловна можност да остварите нова соработка. На љубовно поле, ако отворено ги покажете своите интереси, ќе бидете задоволни од резултатите. На здравствено поле, немате никакви проблеми.

Рак

На деловно поле ви пристигнуваат некои нови вести, но не сте сигурни дали станува збор за вистинити податоци. Доколку сте во врска со некоја личност која е родена во некои од огнените знаци, можно е позитивно изненадување за вас. Во текот на денот би ви годела масажа.

Лав

Имате голем број на работни активности, па би ви годела мала помош за да можете да излезете на крај со се. На љубовен план посакувате емотивни промени. Сметате дека од состојбата на апатија може да ве извлече само нов партнер. Зголемете ја конзумацијата на витамини.

Девица

Може да очекувате стабилна состојба на работа, како и можност на сите да им покажете дека сте на вистинската позиција во вистинско време. Доколку се препуштите на емоциите, ќе откриете некои нови работи за себе и вашиот партнер. На здравствено поле, повеќе внимание посветете на вашите очи.

Вага

Ве очекуваат промени на деловен план. Доколку сте добиле нова понуда, прифатете ја и ќе бидете задоволни. Со саканата личност имате проблеми кои ги криете од очите на јавноста. Пред другите глумите идла. Имате помали проблеми со дигестивниот систем.

Скорпија

Ве очекува можност да реализирате деловен договор кој може да ви биде од големо значење. Немојте да ги потиснувате вашите чувства, затоа што може да се чувствувате многу лошо. На здравствено поле имате проблем со дишните патишта.

Стрелец

Дојдено е време кога треба да сè соочите со реалните деловни потешкотии и непогоди кои владеат на работното место. На љубовно поле ве очекува стабилна љубовна ситуација. Ако сте слободни можно е да почнете да флертувате. На здравствено поле, препорачливо е да го зголемите количеството на конузмирање на грозје.

Јарец

Не е половен периодот за влегување во големи ризици, ниту пак да правите било какви промени. Обидете се на некој начин да ја одржите постоечката состојба. На љубовно поле, целосно сте посветени на саканата личност и се надевате дека таа ќе го цени вашиот труд. На здравствено поле можна е појава на вртоглавица.

Водолија

Ве очекува успех на деловно поле. Ќе добиете поддршка од важни луѓе на високи позиции. Имате можност да влезете во љубовна врска со личноста која ве привлекува. Можно е таа врска да ви донесе компликации. На здравствено поле ќе ви годи рекреација.

Риби

Ова е поволен ден за почеток на нова работа. Обидете се да дадете се од себе за да бидете успешни. Ве очекува голема љубов со партнерот кој сте го запознале некако спонтано, во вашето блиско опкружување. На здравствено поле немате никакви потешкотии и се одлично се чувствувате во вашата кожа.

Scroll to Top