Од утре, точно во 12 часот, преку Мк Тикетс и Југотон ќе бидат пуштени во продажба билетите за „Златна Бубамара“. Манифестација се одржува на 21 февруари во ВИП-арената „Борис Трајковски“. Ова е 22. издание на Бубамарата. Од тимот на Бубамара потсетуваат: „Драги наши отруени и запоставени граѓани, доколку сè уште верувате дека има останато некој нормален во нашата држава – доаѓа денот кога можеме да се собереме и заедно да провериме, да се проветриме и да уживаме во најновото издание на манифестацијата“. Па велат да се предадеме на музика, смеа и работа, откако се оддадовме на – на лажење, крадење и неверства. „Како народ што си го бара своето, ќе ве чекаме со камшик и шик – пик – миг, па заедно со игра, песна и насмевки да ги поздравиме нашите најголеми уметници. Ве молиме – немојте да бојкотирате, блокирате, манипулирате или да бегате – за сите вас има по едно „седиште“ во седиштето на „Златна бубамара на популарноста“.
Од нас добивте 22 години – па кој ви има дадено повеќе?- стои во соопштението на тимот кој работи на манифестацијата.