Српска актерка ќе го глуми Џокер

Српската актерка Јелица Ковачевиќ ќе го глуми ликот и делото на еден од најпознатите негативци во филмовите и сериите Џокер. Таа вели дека досега српската кинематографија никогаш не го обработувала овој негативец.

Станува збор за филмско остварување на авторот Немања Обрадовиќ, правено по текстот на Борислав Станојевиќ.

Јелица е првата жена во улогата на Џокер. Вели дека треба да одглуми некој со агресија, непристојност и неумереност во чувствата. Да се нема контрола во емоциите е нешто кое гледачите треба да ги доведе до лудило.

„Лудилото претставува главниот мотив за снимањето на овој филм, затоа што светот отиде во неповрат од неморал и душевна проституција“, вели Ковачевиќ.

„Џокер се потсмева на душевната и антикултурна омразеност која владее низ светот. Таа прави од нас робови и роботи, кои само играат игра за да ги задволат сопствените зла во своите души, а истовремено ги уништуваат емоциите кои полека сите од нас ги забораваме. Џокер се потсмева на примитивните убедувања на луѓето кои трчаат само по пари. Нивниот ден како и нивното его се состои само од желбата за надмоќ и докажување над она што се нарекува емоции и слобода. Нејзината игноранција и иронија е слична како кај оние кои не веруваат во љубов и немаат верба во своите партнери, а истовремено се потсмева на оние кои бракот го сметаат за променлива појава. Луѓе без лојалност, потчинетост и доследност во својот избор и кои не веруваат во силата на саканите. Нешто што во реалниот свет на Џокер би требало да биде оној вистинскиот свесно избран пат. Се è на распродажба, само цената е таа која се разликува. Нема љубов меѓу двојките, неверствата се прифатлива норма. Лагата е толерантна“, вели Јелица Ковачевиќ

Премиерата на филмот се очекува да се случи месецов во февруари во Југословенската кинотека.

 

Scroll to Top