Зоолошката градина „Ел Пасо“ во Тексас има невообичаена акција за Денот на вљубените. Тие ги повикуваат граѓаните да ги споделат имињата на нивните поранешни партнери, по кои ќе ги именуваат лебарките со кои ќе ги нахранат меркатите. Акцијата насловена Quit Bugging Me („Доста ме замараш“) ќе биде пренесувана во живо на фејсбук-страницата на зоолошката на 14 февруари.
Според зоолошката, ова е „совршен подарок за Денот на вљубените“.
„Ова е забавен начин да се вклучи заедницата во нашите дневни збогатувачки активности“, вели координаторката на „Ел Пасо“, Сара Борего.
„Меркатите ги сакаат лебарките како закуска, па нема подобар начин да се прослави Денот на вљубените така што ќе ги нахраните со лебарки именувани по вашиот поранешен партнер“.
Сепак, „Ел Пасо“ не се единствената зоолошка која нуди нетрадиционален начин на прослава на Денот на вљубените. Во Кент, Англија, зоолошката го промовира истото, но во замена за донација.