Српската пејачка Јелена Карлеуша ги фрли црвените ружи кои ги добила за подарок за Денот на вљубените во ѓубре, а фотографијата ја објавила на социјалните мрежи.
Пејачката фотографијата со ружите ја објави откако нејзиниот сопруг Душко Тошиќ сподели фотографија од Австралија, каде напиша дека ужива во овој момент.
Јелена не обелодени дали ружите ѝ ги имал испратено нејзиниот сопруг, но неодамна изјавила за медиумите дека без разлика што се зборува во јваноста за скандалот со Огњен Врањеш, таа нема да дозволи да биде депримирана.