Калиопи, Благоја Грујовски, Тијана Дапчевиќ, Лила Филиповска, Анета Молика се само дел од македонските музичари кои преку социјалните мрежи се простија од кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ. Тие напишаа дека жалат за трагедијата и упатија сочувство до семејството на починатиот пејач.
„Почивај во мир легендо“, напиша пејачката Анета Мицевска и објави нивна заедничка фотографија. Тијана Дапчевиќ напиша „Јас не знам што да кажам, само знам дека некој кој така пее никогаш нема да умре. Мирно спиј“. Слична порака испрати и Лила. „Без разлика каква музика слушате неспорно е дека секој знае барем една негова песна, а тоа што го нарекуваат крал на народната музика доволно зборува за неговата величина“, напиша таа.
Фолк-пејачот Шабан Шаулиќ загина утрото на 17 февруари во тешка сообраќајна несреќа на автопат во Германија.
View this post on Instagram