Шабан Шаулиќ сам влегол во возилото за итна помош, подоцна починал во болницата

Српскиот пејач Шабан Шаулиќ по сударот на патот во Германија, наводно самиот излегол од уништеното возило и влегол во возилото за Итна помош.

Ова го велат извори за германските медиуми, добиени од полициската истрага. Тамошните медиуми пишуваат дека семејството на Шабан било информирано од лекарскиот тим во Германија дека кога пејачот пристигнал во болницата, неговата состојба се влошила и дека два часа со реанимација се обидувале да му го сапасат животот.

Попатно пејачот бил пренесен и со хеликоптер во болница, каде му била пружена максимална медицинска помош.

„Нјавојатно од стрес му пукна срцевата аорта. Реанимацијата траеше повеќе од два часа. За жал на крајот не успеавме да го спасиме пејачот“, изјавиле од болницата.

Обвинителството во Германија побара во четврток да биде извршена обдукција на телото на Шаулиќ. Шабан Шаулиќ вчера загина во Германија, враќајќи се од својот последен настап.

Во автомобилот во кој се возел пејачот, удрило друго возило со кое управувал германски државјанин, кој бил под дејство на алкохол. Шабан ќе биде погребан во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград.

Scroll to Top