Џенифер Лопез некогаш работела за минималец, а денес ужива во милиони

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез денес е една од најуспешните ѕвезди, но нејзиниот пат до славата не бил нималку едноставен. Таа пораснала во јужен Бронкс во Њујорк, а родителите по потекло ѝ се од Порторико.

Во средношколските денови таа го обожавала спортот и била голема атлетска ѕвезда. Отсекогаш била успешна во спортските активности, а посебно во гимнастиката. Освоила медали и трофеи во атлетиката, па дури и во софтбол. Почнала да заработува на 19 години, а работела за минимална плата во адвокатска канцеларија.

На тој начин ги финансирала часовите по танц и пеење кои ги полагала навечер по работата. Со актерската кариера почнала во 1994 година и тоа во улогата во серијата South Central. Иако имала неколку споредни улоги во телевизиските серии, првата голема улога ја имала во биографскиот филм „Селена“, за која заработила и номинација за „Златен глобус“ во категоријата најдобра актерка.

Освен во светот на актерството, Џенифер остварила значителни резултати и во музичката кариера. Во 1999 година објавен е нејзиниот прв албум On The6, кој ги содржел песните како Waiting For Tonight, If You Had My Love и Let’s Get Loud.

Let’s Get Loud е голем хит кој ѝ ја донесе големата престижна награда „Греми“ во категоријата за најдобар танчерски спот. Иако песната излегла само во Европа и Австралија, постигнала незабележан успех. Наскоро за латино-пејачката дознале обожавателите од целиот свет, а голем број понуди од дискографски куќи се јавувале за да стапат во контакт со неа и да направат договори. Не изостанале ниту улогите во филмовите.


Лопез глумела во многу успешни филмови како што се „За сè е виновна свекрвата“, „Ќелија“, „Венчавка од ведро небо“, „Сега е доста“ и „Се случи на Менхтен“, кој весникот „Њујорк Тајмс“ го спореди со нејзиниот голем музички хит Jenny From The Block, песна која излезе во 2002 година.

Во филмот Џенифер учествувала во улогата на самохрана мајка од Бронкс, која се заљубува во богат бизнисмен.

Откако пејачката незгодно падна на сцената изведувајќи ја песната Louboutins на Американските музички награди, Лопез се одлучи да го осигура својот задник во вредност од 27 милиони долари.

Лопез е исто така позната и по својот бурен љубовен живот. Од 1997 година до 1998 година таа била во краток брак со актерот Оџани Ноа. Кога се запознале, Ноа бил келнер, а латино-дивата ја запознал сосема случајно во ресторан. Иако нивната романса на прв поглед изгледала како совршен избор, не траела долго.

Се развеле по само 11 месеци брак, но Џенифер по четири години му излегла во пресрет кога Ноа останал без пари. Таа го вработила на место водител на својот ресторан, а го отпуштила по неколку месеци, кога се покажало дека не е способен за тоа работно место.

Ноа ѝ се заканил на Лопез со тужба, а потоа сакал да објави книга за нивниот заеднички живот, но на крајот се откажал. Во брак со кореографот и танчер Крис Џад, Лопез била две години. Двојката се запознала на снимањето на спотот за нејзината песна Love Don’t Cost A Thing, а се венчале во јуни 2001 година.

Нивниот брак неславно завршил кога Лопез се заљубила во актерот Бен Афлек. Веднаш побарала развод. Џенифер и Афлек биле во љубовна врска две години, а прекинале со истата пред закажаната венчавка. Неколку години по прекинувањето, Бен тврдел дека Лопез му ја уништила неговата кариера, а пејакчата на крајот решила да проговори за сè што преживеала во тоа време.

„Тоа беше грозен период во животот за мене. Бев целосно уништена. Се преиспитував себеси, се прашував дали треба воопшто да глумам. Мислев дека јас сум виновна за сè што ми се случува и дека сум лоша во тоа што го правам“, открива Лопез за Vanity Fair.

По љубовниот дебакл со Бен, Лопез вели дека ѝ било потребно некој период да се соземе. Утеха пронашла во порториканско-американскиот пејач Марк Ентони со кого се венчала во 2004 година.

Се чинело дека нивната романса можела да успее и да потрае, а заедно ги добиле близнаците синот Максимилијан и ќерката Еми Марибел. Од март 2017 година, Џенифер е во врска со пензионираниот безбол-играч Алекс Родригез. Својата љубов често ја покажуваат на социјалните мрежи.

Лопез вели дека не се од оние двојки кои својата врска ја кријат од јавноста, а во медиумите често говорат за својата љубовна среќа. Веќе неколку месеци живеат заедно во Њујорк, а исто така се зборува дека двојката наскоро би можела да се венча.

Иако е веќе во 50-та година, пејачката со изгледот и добрата форма им конкурира на двојно помладите колешки. Како што таа самата тврди, рецептот за одличниот изглед не е во чудотворните препарати, ниту естетските операции, туку во макотрпните тренинзи на кои е целосно посветена.

Папараците често ја ловат во друштво на телохранители кога излегува од вежбалница, а според мислењето на голем број обожаватели, Лопез е една од најсексипилните холивудски ѕвезди. За вежбање одбира модни комбинации.

„Џенифер е како виното. Колку е постара, толку е подобра. За еден дел може да биде благодарна на генетиката, но клучот на успехот е нејзината исхрана. Лопез е дисциплинирана околу тоа што јаде и не консумира премногу алкохол. Нејзиното тело е како храм“, изјавил во една пригода нејзиниот личен тренер Дејвид Кирш.

Scroll to Top