Српскиот фолк-пејач Шабан Шаулиќ ќе биде погребан во Алејата на заслужни граѓани во Белград. Пејачот ќе почива покрај актерот Небојша Глоговац, кој почина во февруари минатата година.
Тчниот датум на погребот сè уште не се знае и се чека обдукција на телото. Медиумите во Србија пишуваат дека ќе се одржи или в петок или в понеделник следната недела. Дел од медиумите пишуваа и дека најстарата ќерка на Шабан, Санела, сакала погребот да се случи денес (21 февруари) на денот на нејзиниот родеден.
Погребот во Алејата на заслужни граѓани го одобриле од службите на градоначалникот во Белград. Во Алејата на заслужни граѓани можат да бидат погребани луѓе со висока титула во Србија, но и почесни граѓани на градот.
„Градоначалникот на Белград има право во исклучителни ситуации да одлучи за доделувањето на местото за погреб на човек за кого се проценува дека дал значителен придонес во културата и јавниот живот на градот и републиката во областа во која делувал“, изјавил Балтовски.
Во Алејата на заслужни граѓани во Белград досега се погребани повеќе од 740 луѓе.