Откако вчера третпат стана татко, директорот на ФОН, Сефер Цаноски, за „Репортер“ раскажа дека и тој присуствувал на раѓањето на својата ќерка Алара. Вели, и бебето и сопругата Сезен се добри.
„Сезен се породи по природен пат, сè помина како што треба. Јас исто така присуствував на самото породување и сега морам да кажам дека многу повеќе ги ценам и почитувам жените и мајките. Алара има 3 килограми и 300 грама и 48 сантиметри и личи 100% на Сезен“, ни рече Цаноски.
Алара е трето дете на бизнисменот. Тој има две деца од првиот брак со Лејла, ќерката на Велија Рамковски.