Комичарот Владимир Зеленски води во трката за избор на претседател во Украина. Најновите анкети во земјата покажуваат дека Зеленски води пред своите конкуренти.
Истражувањето го спровеле центарот SOCIS со седиште во Киев. 41-годишниот Зеленски е почетинк во политиката и води пред сегашниот претседател, Петар Порошенко, и лидерот на опозицијата, Јулија Тимошенко.
According to a poll published today by the Razumkov Center, 18% of the 2016 people surveyed are ready to vote for comedian Volodymyr Zelenskiy in next month’s presidential elections. He takes the top spot above incumbent Petro @poroshenko and former PM Yulia Tymoshenko. pic.twitter.com/Z8W1rRrb6P
— Hromadske Int. (@Hromadske) February 20, 2019
Зеленси водел во трката и од претходно, кога биле правени првичните анкети. Изборите во Украина ќе се одржат на 31 март, а во првиот круг ќе учествуваат 44 кандидати.
Ако ниту еден од нив не освои 50% од гласовите, како што предвидуваат анкетите, двајцта главни кандидати ќе се соочат во вториот круг на 21 април.