Тажната прикзна на фолк-пејачката Благица Калева и денес луѓето ја раскажуваат. Таа лани беше дел од модната ревија која беше наменета за децата со посебни потреби.
Пејачката Калева пред 15 години во сообраќајна несреќа на пат за Скопје ги изгуби ќерката Викторија и сопругот Костадин. Таа за за медиумите раскажуваше низ се што што поминала во животот и дека нема таква сила која ќе ги намали нејзините човечност, хуманост и желба да помогне секому кому е потребна помош. По загубата на најмилите дома, сепак, успела да издржи и да остане цврста и целиот свој живот да ѝ го посвети на својата друга ќерка, Марија, за која вели дека ѝ е сè во животот.
,,Сè што ми се случи во живото, направи да се зајакне мојата хуманост. Дури откако човек ќе се најде во очи со некоја трагедија ја сфаќа многу подобро целата тежина на трагедиите на сите луѓе. Тука сум секогаш кога треба за да пружам поддршка и помош на сите ранливи категории граѓани. Пејам на хуманитарни концерти, помагам на свој начин, со песна. Не знам, можеби има луѓе кои личните трагедии ги направиле да станат посурови, но јас решив да продолжам напред помагајќи им на другите, оставајќи убави спомени зад мене и зад мојот лик и дело’’ – раскажала Калева.
Таа живее во Струмица со ќерката Марија, за која вели дека ѝ сè во животот и ѝ дала сила да продолжи понатаму, по трагедијата.
,,Марија е сè во мојот живот и мотив да продолжам понатаму, да бидам корисна во ова општество, да продолжам со тоа што отсекогаш сум умеела да го правам – да продолжам со песната’’ – вели Благица Калева. Таа вели дека музиката во голем дел ѝ помогнала да се врати во колосек. Со групата ,,Модус’’ настапува повеќе од 25 години. Покрај многуте нејзини познати песни, тука е и тажната „За моите очи четири“, за која вели дека е песна во која стиховите кажуваат сè, особено што ѝ било многу тешко по две години од трагедијата повторно да запее.
„Се вратив на сцената, продолжив напред. Има претешки моменти во животот, но мора да научиме да се носиме секој со својот товар, и тоа не смее да биде причина да се повлечеме, да заборавиме дека сме луѓе“, вели Калева.