(Видео) Наташа Малинкова како Клеопатра, се капе во млеко

Пејачката Наташа Малинкова се капе во када полна со млеко. Ова е дел од сценариото на нејзиниот најнов спот за песната „Кога не си ти до мене“, што го промовира денес. Видеото е снимено на неколку локации во Македонија, во Демир Капија и на Пелистер.

Автор на музиката и текстот е Столе Аврамов, а аранжманот е на Зоран Алексиќ. Спотот го сними „Пинестел продукција“.

„На целосната изработка на видеото се работеше трпеливо за да бидат правилно избрани, реализирани и финализирани зацртаните идеи. Ова за нас е посебно музичко парче. И овој пат работев со истиот музички тим кој ги создаде хитовите на кои сум особено горда, а верувам дека тоа ќе се случи и со оваа песна“, вели Малинкова.

Scroll to Top