Американскиот актер Џони Деп снимил видео во кое тој зборува со папагал на српски јазик. Актерот на видеото се шегува со папагалот, а на моменти може да се слушне и како пцуе.
Луѓето позади камерата го наговориле Деп да го бакне папагалот, а откако птицата останала мирна, Деп почнал да пцуе. Актерот во моментов се наоѓа во Белград каде што го снима својот најнов филм „Минамата“.
Деп од организаторите во хотелот побарал да го заштитат од обожавателите и фотографите, а единствено со кого сакал да се види бил режисерот Емир Костурица.