Претседателот на Русија, Владимир Путин, упати честитки по повод Меѓународниот ден на жената. Путин им посака добро здравје и среќа, а дополни дека жените треба да бидат успешни и на работа и во семејството.
„Вие успевате да се изборите со сите проблеми на работа и да се грижите за семејството. Вашата љубов обединува, охрабрува, дава поддршка, нè теши нас мажите и прави да се чувствуваме убаво“, изјави Путин.
Претседателот кажа дека жената е таа којашто ја има моќта да создаде нов живот и дека среќата која потекнува од мајчинството и одгледувањето на децата е таа што го менува светот.
„Секогаш ќе ви бидеме должни. Ние имаме обврска да направиме многу за жените, кои не штедат напори во одгледувањето на своите деца“, изјавил Путин.