Mакедонскиoт пејач Стефан Величковски со музичкиот состав „Дипломатик Бенд“ велат дека подготвени ќе ја дочекаат новата сезона на венчавки, матурски забави и прослави.
Пејачот вели дека изминатиов период има стеснет распоред поради ангажманот во „Ѕвездите на Гранд“, но дека сака да ги испочитува сите оние кои го бараат за да им пее на најважните и најубави денови во животот.
„Периодов за мене е малку напорен затоа што сум постојано на линија Скопје – Белград, често имаме проби со Вики Миљковиќ и напорно работиме за следните кругови на „Ѕвездите на Гранд“, но сакам да ги испочитувам сите кои ми се јавуваат и сакаат да им пеам на нивните најважни и најубави денови, вели Стефан Величковски.