Никол Кидман е манијак во кревет, вели нејзиниот сопруг

Австралискиот музичар и текстописец Кит Урбан, јавно пред сите ја нарекол својата сопруга Никол Кидман манијак во кревет. Обаснувајќи како дошол на идеја да ѝ посвети песна, Кит јавно зборел за односот кој го има со Кидман.

Тој вели дека по 13 години брак, се одлучил на сопругата да ѝ ја посвети песната под името „Близнак“, што го означува хороскопскиот знак под кој е родена актерката.  Кога една од соработничките побарала да ја опише Кидман, тој кажал дека актерката е манијак во кревет, но паметна во главата (maniac in bed, brainiac in head).

Римата испаднала сосема случајно, а стихот подоцна станал дел од песната.

„Песната баш и се допадна на мојата сопруга“, признал Кит Урбан во едно од своите интервјуа.

Кит вели дека многу жени на социјалните мрежи коментирале дека тој ја минал границата со тоа што ја открил јавно нивната интима, но сепак тоа не и сметало на Кидман.

„Во животот истражував разни видови на љубов. Истражував опсесија, необични секс-фетиши, но и духовниот аспект во бракот и моногамијата. Сеуште сум на тоа патување“, изјавила Никол во 2009 година за магазинот GQ.

Никол Кидман и Кир Урбан се венчаа во 2006 година. Имаат две ќерки, Сандер Роуз (10) и Фејт Маргарет (8). Актерката од првиот брак со колегата Том Круз ги има ќерката Изабела и синот Конор.

Иако има четири деца, Никол јавно признала дека и е жал што не го запознала Урбан додека била во деведесетите години, затоа што во тој случај вели дека досега можеле да имаат десетина деца.

 

 

Scroll to Top