Холивудската актерка Деми Мур неодамна гостувала на конференција посветена на жените во организација лајфстајл порталот Gvinet Paltrou Gup. Мур зборувала за својот живот и борбата која ја воделе нејзините ќерки со притисокот од јавноста. Мур открила дека во текот на својот живот се борела со зависноста од алкохол и наркотици.
„Чувствувам дека колку повеќе работам на себе, толку повеќе им давам добар пример на моите деца и ги учам на тоа што е исправно и колку е важно тие да се грижат за себе“, изјавила Деми.
По лечењето на клиниката за одвикнување, Мур вели дека се борела со депресијата и пребродела три разводи од Брус Вилис, Ештон Качер и Фреди Мур.
Мур вели дека најмногу се променила поради нејзините деца Талула, Скот и Румер Вилис, ќерката која ја добила со актерот Брус Вилис, а за која Мур вели дека на своја кожа ја почувствувала мрачната страна во животот, кога станува збор за децата на познатите и притисокот кој тие го имаат од јавноста.
„Мислам дека денес живееме во едни силни бурни времиња. Притисокот на социјалните мрежи, на младите им остава голема трага, па и покрај големиот број предности, мислам дека истите имаат поголем број негативни аспекти. Моите деца на пример беа првата генерација која е ставена под микроскоп на јавноста. Моите девојки водеа голема битка затоа што многу луѓе кои не ги познаваат, зборуваа лоши работи за нив“, вели Деми.
За својата борба со недостаток на самопочит и со депресијата, зборувала и Румер Вилис, а во 2015 година, на натпреварувањето „Танц со ѕвездите“, каде и била учесничка, таа изјавила дека ги победила сите проблеми во животот. Во публиката биле и нејзините родители, сестри и Ема Хеминг, втората сопруга на Брус Вилис.
Наследничката на Деми и Брус кој во вториот брак доби две ќерки, често се наоѓаат во жижата на јавноста поради провокативниот имиџ и голите слики.
„Мислам дека сега моите ќерки имаат многу поголема самопочит и дека тие повеќе ме учат мене отколку јас нив“, вели Деми.
Актерката сега е во врска со стилистката од Белград Маша Манџука, со која наводно посвоила девојче.