Српската музичката група „Милиграм“ утрово се огласи на социјалните мрежи за трагичната загуба на нејзиниот член, басистот Лима Слободан Васиќ.
Неговите најблиски велат дека Васиќ починал денес по кратка битка со тешката болест.
„Денес по кратко и тешко боледување почина басистот на ‘Милиграм’ Лима Слободан Васиќ. Секоја секунда од неговиот живот тој носеше насмевка и неверојатна енергија која насебично ја делеше околу себе. Животот го правеше поубав за сите кои беа во негова близина. Почивај во мир брате. Во нашите срце ќе свириш додека знаеме за себе. Засекогаш твој ‘Милиграм’“, напишаа членовите на групата на „Инстаграм“.