Ослабете со пешачење

Пешачењето навистина може да биде квалитетна физичка активност, која ви помага да стекнете кондиција, да согорувате калории и да ги изградите вашите мускули. Се разбира, за да ја видите промената, треба активно да пешачите секој ден.

Одете по угорнина

Ако се качувате по скали или се качувате по угорнина, ќе согорите 50% повеќе калории отколку за време на едноставна прошетка. Како што шетате по угорнина, го зголемувате интензитетот на мускулниот напор, што автоматски доведува до зголемување на согорувањето на калориите.

Зголемете ја брзината на одење

Пробајте побрзо одење. Ако успеете да поминете 126 метри во минута, ќе потрошите исто количество калории како да сте трчале. Ќе биде подеднакво ефикасно ако постепено го менувате интензитетот на прошетка. Обидете се да имате минута на брзо одење, а потоа 5 минути одете со умерен интензитет. На овој начин ќе избегнете замор и ќе го активирате метаболизмот, кој ќе работи побрзо, дури и одредено време по прошетката.

Користете ги рацете

Свиткајте ги лактите под агол од 90 степени и за време на одењето движете ги рацете од рамената. Со кратко движење на рацете ќе го забрзате вашето тело за време на движењето, а со тоа, ќе ја зголемите брзината на потрошени калории.

Доволно е да  излезете надвор на полчасовна, ефикасна прошетка и по еден месец ќе видите голем напредок на вашето физичко и ментално здравје.

Scroll to Top