Македонскиот пејач и ексклузивец на „Гранд“, Ристе Ристески ги доби првите милион прегледи на својата најнова песна „Неизлечиво“.
Спотот за својата нова песна го сними во Белград, а дел од видеото е снимено во луксузната белградска вила „Рококо“. Музиката и аранжаманот се на Милан Раѓен, а текстот е на Дивна Миловановиќ.
Пејачот минатата година замина во Белград каде што се пресели за да гради музичка кариера.