Поп-пејачката Елена Ристеска сними спот за својата нова песна „Суперстар“, која ја направи во дует со рускиот рапер Кирил. Песната ја напиша Дарко Димитров, а текстот е на Кирил алијас Кеј-Ди-Ди-Кеј.
Ова е втора песна и соработка за Елена оваа година, по дуетот кој го имаше со српската колешка Данијела Кариќ за песната „Срца се погреше“.
Двете песни треба да бидат дел од идниот албум на Елена, вклучувајќи ја и песната што ја сними со Дуке Бојаџиев.