Панчо и Андреј од ДНК се сликаа качени на трактор, некаде во Неготино и кажаа дека „дошол животот”. Членовите на ар-ен-би дуото се пошегуваа дека ова им е новиот превоз.
„Дојде живот“, напиша Панчо на „Фејсбук“.
По ова следеа и коментари од типот: „На бугарски табли е тракторов?“
Ден предходно Панчо се дружеше со двајцата македонски фолк-пејачи Наум Петерски и Миле Кузмановски.
„Најголемите легенди и воедно најдобрите вокали на Македонската народна музика“, напиша Панчо.
Минатата година Андреј и Панчо го снимија спотот за нивната последна песна „Кога би знеала сè. Облечени како каубои, спотот го снимаа во Чикаго, САД, во метро-станицата и на неколку различни локации во градот.