Мишел Вилијамс: Ќерка ми ме потсетува на Хит Леџер

Ќерката на популарниот актер Хит Леџер, тринаесетгодишната Матилда многу потсетува на нејзиниот татко. Ова го вели нејзината мајка Мишел Вилијамс, која по направнеите последни фотографии од папараците, вели дека Матилда ги има истите црти како татко ѝ Леџер, препознатлив по улогата на Џокер, во филмот „Темниот витез“.

Хит Леџер почина пред 11 години, а неговата смрт беше прогласена за несреќен случај, кој следел по конзумација на погрешна комбинација на лекови. Тогаш Леџер зад себе ја остави 2 годишната Матилда, за која уште тогаш се говореше дека неодоливо потсетува на него.

Матилда денеска живее со нејзината мајка Мишел Вилијамс, која во меѓувреме повторно се омажила за музичарот Фил Елверум.

„Матилда многу ме потсетува на Хит. Сè што таа прави, кога е на нејзиниот скејтбор, се однесува исто како него. Сега сум во животна фаза кога сум многу среќна поради Матилда. Нејзиниот татко на некој начин живее низ мене“, вели Мишел.

 

 

Scroll to Top