Српскиот пејачот Милан Динчиќ – Динча вчера направи свадба со водителката Јелена Секуловиќ. Тие направија голема прослава во луксузен ресторан во Белград. Пејачот носеше темно-зелен костум, а неговата сопруга избра венчаница со корсет и тул.
На свадбата на Динча дојде и српската естрада – Милица Павловиќ, Саша Капор, Бојан Маровиќ, Катарина Грујиќ и други. Иако повеќето гости дојдоа дотерани во елегантни костуми и впечатливи фустани, раперот Ненад Алексиќ Ша дојде во тренерки, па предизвика реакции на социјалните мрежи. „Непочитување за младенците“, стои во коментарите.
Инаку, Динча и Јелена се венчаа лани, а неколку месеци подоцна се роди нивниот син Вук. Според српските медиуми, за време на свадбата Вук го чувале двете баби, но го донеле на кратко на почетокот на свадбата.