(Фото) По разводот, Даниел ќе ја оправа кариерата

Македонскот пејач Даниел Кајмакоски по подолга пауза реши да се врати на музиката и кариерата. Тој периодов постојано настапува во регионот заедно со својот бенд. И на „Инстаграм“ објави слики од  неговиот настап:

„Се надевам дека уживавте претходната ноќ. Ви благодарам на лојалноста и се гледаме наскоро“, напиша пејачот, кој наскоро треба да влезе во студио за да снима песна. Многумина коментираат дека Даниел по разводот решил да ја оправа кариерата. Кајмаковски се раведе неодамна, по три години брак со манекенката Кристина Димитриевска. Тој во екот на најголемта популарност се ожени и стана татко.

Победникот на популарното шоу „Х фактор“ и евровизиски претставник целосно се повлече од естрадата, а и јавно кажуваше дека отсекогаш сакал да се жени и да има дете.  Откако медиумите објавија дека се разведува, тој потврди и рече дека „разводот било најдоброто решение за сите“. Со Кристина го имаат синот Давид.

 

Scroll to Top