Ед Ширан, бездомникот кој стана милијардер

Британскиот пејач Ед Ширан (28) ќе стане милијардер до триесеттата година од животот. Од претходната светска турнеја што ја започна по објавувањето на албумот „Divide“, заработи повеќе од половина милион долари.

Експерти пресметале дека во нареднитет три месеци Ширан ќе заработи уште околу 100 милиони долари.

Ширан неодамна заврши на 17. место на листата најбогати луѓе на магазинот Times, каде се проценува дека во текот на 2018 година заработил околу 80 милиони долари, со што ја престигне Адел, која е на 22. место со вкупно богатство од 150 милиони долари.

Малкумина знаат дека пред да стане славен Ед Ширан две години живеел како бездомник. Тој се прослави со хитовите како „Thinking out loud“, „Photograph“, „Shape of You“, „Perfect“ и други. Минатата година се ожени и денес животната ситуација му е целосно променета, се разбира на многу подобро

Scroll to Top