Васил Ангелов, кого публиката го запозна по преработките на хитовите од Тоше Проески, ја сними својата прва песна, „Музика“. Автор на песната е Мартин Вучиќ, кој ги направи музиката и текстот, а видеото го сними BlackMagic production.
„Спотот е снимен на различни локации во Скопје и Охрид. Ни одзема подолго време, но на крајот сè испадна како што сакав“, рече Васил за „Репортер“.
16-годишниот Васил, кој учи соло пеење во „Илија Николовски – Луј“, го привлече вниманието на публиката со преработката на песните „Сонце во твоите руси коси“, „Рани на усните“, „Руски рулет“, „Боже чувај ја од зло“ и „Слушаш ли“ од Тоше. Видеата со преработките на песните станаа вистински хит на социјалните мрежи, најмногу заради одличното пеење на Васил, чиј вокал потсетува на оној на Тоше.