Шарлиз Терон е подготвена повторно да излегува на романтични состаноци, а оној кој ќе ја покани треба да биде добар човек и да има густа брада. Во своето неодамнешно интервју 46-годишната ѕвезда откри дека сè уште нема човек до себе и дека е слободна. Дополнителен услов за нејзиниот иден партнер е смислата за хумор. Човекот од соништата мора да може да ја насмее.
Откако нејзината веридба со Шон Пен траеше речиси 7 месеци и заврши во 2015 година, „Атомската русокоса“ одлучи да биде мајка со полно работно време. Таа потоа се откажа од љубовните романси и ги помина последните четири години целосно посветена на своите деца – Август и Џексон.
„Направив избор да бидам сингл. Одгледувам две мали деца и не жалам. Токму тоа го сакав. Но, сега дојде време да ја сменам одлуката. Можам да се справам и сакам да си поминувам убаво“, изјави актерката.
За тоа како го гледа својот иден партнер, таа вели: „Зависи од човекот, но треба да има густа брада. Не сакам мажи кои не можат да одгледуваат добра брада. Тоа не ми се допаѓа“.
Претходно оваа година љубовниот живот на добитничката на „Оскар“ се најде во главните наслови на медиумите, кои ја поврзуваа со Бред Пит. Точно е дека и двајцата се сретнале на снимањето на реклама за часовници, но никогаш немале интимна врска, вели списанието People.