Марија Шерифовиќ повторно направи скандал на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“. Откако минатата недела фрли со столче по Вики Миљковиќ незадоволна од нејзиното гласање, сега ѝ се налути и на Јелена Карлеуша, па ѝ ја затна устата, почна да ја гмечи и со нога, удираше во столчето на кое седеше пејачката, па на крај замина од снимањето.
Шерифовиќ, според српските медиуми, се налутила кога Карлеуша му рекла на еден од нејзините кандидати дека не е доволно добар.
„Дека ќе бидеш ѕвезда, нема“, му рекла Јелена на пејачот, по што Марија дошла до неа и со рацете ѝ ја затворила устата, па луто ѝ рекла: „Замолчи веќе“.
Пред да излезе од студиото, таа на цел глас извикала: „Нема бре, да жирирам вака“.
За потсетување, Марија неодамна потврди дека по завршувањето на оваа сезона, веќе нема да биде дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“.