Емилија Кларк откри зошто ја одбила улогата во „50 нијанси сива“

Емилија Кларк имала понуда да ја игра главната женска улога во филмот „Педесет нијанси сива“, но ја одбила улогата поради сексизам. Популарната Калиси од „Игра на престолите“ открива зошто во 2015 година ја одбила главната женска улога во популарниот филм.

„Минатиот пат кога бев гола пред камерите (во „Игра на престолите“) беше пред повеќе години, а сè уште тоа е главното прашање што ми го поставуваат само бидејќи сум жена. Тоа е многу иритантно и смачено ми е, го направив тоа само поради ликот на Денерис што го толкував, а не за мажите да ми ги гледаат градите“, изјавила Кларк.

Додала дека глумењето во филм во кој главниот акцент е на сексот и голотијата само би предизвикало постојана расправа за сцените на кои би била без облека, и дека тоа е главната причина што ја одбила улогата во филмот.

Scroll to Top