Пејаката Бритни Спирс им порача на фановите дека таа е способна самата да се грижи за себе и дека таа е одговорна за објавените видеа на социјалните мрежи, пишуваат светските медиуми.
„За сите оние кои сметаат дека јас не сум таа која ги објавува видеата, им порачувам дека грешат“, изјавила Бритни.
Пејачката редовно објавува видеа на „Инстаграм“, каде зборува за целиот нејзин процес на опоравување, по доживеаниот нервен слом. Некои од нејзините фанови и понатаму не веруваат дека нејзиното здравје е подобрено.
Никој не е сигурен колку Бритни е способна да води сметка за себе си, а нејзината мајка сака ѝ таа да има увид во документацијата за нејзиното лечење. Досега тоа му е овозможено само на нејзиниот татко, поради кое се води и судски процес.