Српскитете коментатори Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ, беа на славјето во Келн и се радуваа на успехот на Вардар. Тие ќе допатуваат во Скопје. Во чартерот за Македонија нема да има македонски новинари, но затоа тука ќе бидат коментаторите на регионалниот канал Арена Спорт, кои речиси го зигубија гласот по Вардар, а за него навиваа како да е нивни тим. И секако ги освоиа симпатиите на сите. Особено и на Твитер, каде имаше твитови од типот : За српските коментатори следи стан во Скопје, златна медаља и доживотно тегли со ајвар“.
Двајцата коментатори на Арена Спорт, веќе подолго време одлично ги одработуваат ракометните натпревари од кои вршат преноси, а особено тука е вклучена Лигата на шампионите и секако завршниот турнир во Келн. Како и по средбите со ПИК Сегед, така и сега, не ги штедеа своите гласови во радоста за Вардар. Тие двајца ќе патуваат заедно со ракометарите во чартер летот и ќе бидат дел од прославата во Скопје.
Македонската публика во 2017 година кога Вардар за прв пат ја освои титулата во Лигата на шампионите можеше да го проследи натпреварот со македонски коментар. Тогаш Југослав Костовски беше човекот кој ја водеше македонската публика до првиот трофеј на Вардар од Келн. За жал оваа сезона ниту една македонска телевизија не ги откупи правата за Лигата на шампионите, затоа оние кои имаа можност уживаа во преносите на Арена Спорт.