Кумановецот Мартинијан Кириловски (23) успешно се пласираше во големото финале на овогодинешното издание на српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Вчера беше последното снимање пред големото финале, а Мартинијан влезе меѓу најдобрите кандидати.
Под менторство на Јелена Карлеуша тој ќе се бори за титулата „Ѕзвезда на Гранд“ за 2019 година.