Откако вчера му честиташе роденеден и објави нивна заедничка слика, фолк пејачката Елена Велевска со на Фејсбук ги демантираше повторно гласините дека се разведува од сопругот Маријан.
„Сѐ она кое што го читате овие денови за мене е вистина колку што јас сум трудна по четврти пат“, напиша фолк-пејачката на својот Фејсбук профил.
Пејачката минатата година изјави дека се разведува поради семејно насилство, а со сопругот решија да му дадат шанса на бракот, поради децата. Елена и Маријан имаат три деца, ќерките Калија и Софија и синот Марко.