Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ поради дождот во Париз одложен му е дуелот со Александер Зверев во рамки на четвртфналниот меч на турнирот Роланд Гарос.
Светскиот тенисер вели дека не сака да го троши времето залудно, и дождливото време го искористил за да научи да плете. Тенисерот со игла и коноп во рацете, вели дека ги следел упатствата од неговата сопруга Јелена.
„Интезивен фокус на плетење додека трае дождот“, напишал Новак на фотографијата која ја објавил на социјалните мрежи. Тенисерот вели дека често знае да ги изненади фановите со своите вештини.
Четвртфиналниот натпревар меѓу Александер Зверев и Новак Жоковиќ, кој требаше да се игра вчера попладне, е одложен за денес во 14 часот.