Шакира пак на суд за затајување на данок од 14,5 милиони евра

Пејачката Шакира заврши на суд во Шпанија, поради неплаќање на данок во износ од 14,5 милиони евра, пишуваат шпанските медиуми. Шакира според обвинението не платила данок на добивка во периодот од 2012 до 2014 година.

Во обвинението е наведено дека Шакира ги сокрила приходите низ 14 различни компании во земјата на таканаречениот даночен рај. Сопругата на фудбалерот Жерард Пике за време на судењето, се обидела да избегне десетина новинари, фотографи и телевизиски камери во зградата на судот, влегувајќи низ гаражата.

Обвинителите поднеле обвинение во декември минатата година за времето кога Шакира живеела во Каталонија, но нејзиниот претставник за медиуми изјавил дека пејачката не живеела во Шпанија се до 2015 година, како и дека ги подмирила сите свои даночни обврски.

Ова е втор пат во само два месеци Шакира да се нјаде на суд. Пејачката во мај била на суд затоа што е обвинета за плагијат песна La Bicikleta, но тужбата е отфрлена, откако е утврдено дека немало плагирање, пишува „Тањунг“.

 

 

Scroll to Top