Познатиот светски модел Ирина Шајк го остави Бредли Купер и се исели од нивниот заеднички дом во „Пацифик Палисадес“, пишува „Космополитан“. Медиумите пишуваат дека ситуацијата кулминирала неколку месеци по скандалот со наводната афера меѓу Купер и пејачката Лејди Гага со која глумеше во „Ѕвездата се роди“.
„Двајцата се во лоши односи веќе неколку месеци. Ирина одлучи дека најдобро за неа е да се пресели во својот стан. Се чини дека двојката нема повеќе да остане заедно“, изјавил извор близок до Шајк.
Пејачката Лејди Гага демантираше дека има било каква афера со Купер и објаснила дека меѓу нив не постои ништо повеќе од пријателство. Сепак пејачката ја ражешти целата ситуација со откажувањето на веридбата со нејзиниот партнер Кристијан Карин на само неколку дена пред доделувањето на Оскарите.
Силната хемија помеѓу Лејди Гага и Бредли Купер на настапот на Оскарите со песната Shallow предизвика бурни реакции кај публиката. Иако сопругата Ирина Шајк го следеше настапот од првите редови сепак на крај им честита и на двајцата за освоените награди. Од тој момент почна да се руши љубовната приказна меѓу Купер и Шајк.
EXTREMELY SEXUAL CONTENT #oscars pic.twitter.com/FMKdWR7sgs
— Yashar Ali 🐘 (@yashar) February 25, 2019
„Пронајдете некој кој ќе ве гледа на ист начин како што Купер ја гледаше Гага. Сигурно таа е причината за лошиот однос со Ирина“, пишуваат обожавателите по социјалните мрежи.