(Фото) Новак Ѓоковиќ ѝ остави љубовна порака на Јелена пред тренинг

Сопругата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена им се пофали на обожавателите дека има внимателен и грижлив сопруг. Таа објави фотографија од пораката која тенисерот и ја оставил пред да замине на следниот меч.

„Кога мажот ќе напише љубовна порака пред да замине на натпревар“, напишала Јелена на фотографијата.

Ѓоковиќ и во пораката ја потсетил Јелена што се треба да се напие и кои лекови треба да ги земе. Обожавателите го пофалија Ѓоковиќ кој покрај тоа што е број еден во светот на тенисот, е и маж за секоја пфоалба.

Србинот докажа дека покрај тенисот, негова главна преокупација му се сопругата и неговите деца Стефан и Тара.

 

Scroll to Top