Стјепан беше лош со Розга, а пејачката евдај го преболела

На Јелена Розга тешко и паднала разделбата со Стјепан Хаусер, членот од поранешната хрватска музичка група 2Cellos. Ова го открива нејзин близок пријател кој вели дека и покрај лошиот третман на виолончеистот кон пејачката, сепак таа не сакала да се раздели од него.

„Некако успеавме да ја убедиме да излезе и да продолжи понатаму со животот. По прекинот со Стјепан, Розга се затвори и жалеше. Не можеше да замисли да има нова љубов. Сега има нов дечко кој го запозна преку заеднички пријатели на еден настан во Белград“, вели близок пријател на пејачката, кој додава дека разликата во години воопшто не им била пречка за среќа.

 

 

Scroll to Top